Дилер на дрога е убиен, а еден полицаец е полесно повреден во вооружена престрелка во близина на грчко-албанската граница, на околу 50 километри од градот Јанина, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми од областа Епир, убиениот дилер е албански државјанин, а полицијата трага по уште четири лица, јави дописничката на МИА од Атина.

– Околу 18 часот во областа Висани кај Јанина за време на полициска акција за случај со дрога и по вооружена пресметка меѓу полицајците и криминалците, смртно беше повреден еден странски државјанин, а полесно повреден еден полицаец. Во околината беа пронајдени торби со дрога, соопштуваат од грчката полиција и за подоцна најавуваат детални информации.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 10:03