Припадници на косовските специјални единици РОСУ упаднаа рано изутринава во северниот дел на Косовска Митровица и упасиле четири лица.

Градоначалникот на Косовска Митровица, Горан Ракиќ изјави дека се уапсени полицаецот Драгиша Марковиќ и Саша Чуричиќ. Припадниците на Росу упаднале во нивните станови, ги удирале со пушки и со нозе, а потоа биле однесени во непознат правец.

Според потпретседателот на Српска листа, Игор Симиќ, во акцијата биле уапсени и Марко Рошиќ и Недељко Спасојевиќ.

Портпаролот на косовската полиција Даут Хоџај изјави дека единиците на косовската полиција упасиле четири лица во северниот дел на Косовска Митровица, а тоа е спроведено во рамки на истрагата за убиството на лидерот на ГИ СДП, Оливер Ивановиќ. За српската телевизија РТС, Хоџај истакна дека по налог на надлежен суд единици на косовската полиција извршиле рација на четири локации.

Во Косовска Митровица некаде пред шест часот се огласиле и сирени, кои се слушале речиси еден час. Како што објави РТС, се слушнале и неколку истрели.

На плоштадот го градот се собрале голем број граѓани, кои се вознемирени поради денешните случувања. Градоначалникот Ракиќ ги повика граѓаните на воздржаност.

Според најновите информации специјалните единици РОСУ веќе се повлекле од северниот дел на Косово.

Во тек е вонредна седница на Владата на Србија поради упадот на РОСУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 10:19