Група граѓани, организирани од директор на едно училиште и новинар, преку социјалните мрежи синоќа организираа акција во грчкиот град Лариса за помош на ранливите групи граѓани, но и за затворениците од Лариса, во пресрет на зимата. Следејќи го светскиот пример, граѓаните, на дрвјата на централниот градски плоштад оставија јакни за оние на кои им се потребни.

„Облечи ја“ е пораката на картичката закачена на секоја јакна, заедно со името на оној кој ја оставил и големината, јави дописничката на МИА од Атина.

Фотографиите од дрвјата облечени со јакни ги објави информативниот портал „Ти неа Лариса“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2018 10:26