За да се поправи деловната сфера македонското стопанство мора да креира долгорочна стратегија каде сака да биде за дваесеттина години на пример. Ова е пораката на генералната директорка на „Завар“ Марта Наумовска Грнарова во емисијата „Во светот на бизнисот“ на Алфа.
- Ние мора да имаме стратегија како земја која индустрија ќе ја развиваме и каде сакаме да бидеме за 20 години на индустриски план, фали да планираме каде сакаме да се реализираме, мора да се реагира на моменталната ситуација, вели Грнарова.
Ќе мора и компаниите и државата да најдат начин како да се справат со моменталната лоша состојба, а тоа што фали, според неа, се информации од терен.
- Тоа што мора компаниите да направат за да преживеат, е да имаат стратегија и да бидат доволно иновативни и креативни за да го најдат своето место на глобално ниво. Ситуацијата со младите кадри е сериозна, тешка е и ќе биде се потешка. Во металната индустрија на пример е исклучително лошо, додава Грнарова.