Од 4,5 милиони на седум милиони евра се зголемуваат средствата за рамномерен регионален развој за наредната 2019 година. Како што истакна министерот за локална самоуправа Сухејл Фалзиу, кој денес во Македонска Каменица присуствува на седмата седница на Советот за развој на Источно-планскиот регион средствата за рамонмерен регионален развој се зголемени за 100 проценти.
-За 2019 година се предлага зголемување за над 50 отсто или од 4,5 на седум милиони евра. Споредбено со 2017 година имаме зголемување на средствата за рамномерен регионален развој за 100 отсто. Со значителното зголемување на средствата за 2019 година, се очекува и зголемување на бројотна проекти за околу 50 отсто, рече Фазлиу.
Додаде дека во оваа 2018 година од програмата за рамномерен регионален развој во осумте плански региони се финансирани 98 проекти, од кои 11 во Источниот плански регион, во вкупна вредност од 34 милиони денари.
На седмата седница на Советот за развој на Источно-планскиот регион дискусијата продолжи со разгледување на годишната листа на проекти за развој за 2019.