Французинот Естебан Окон беше потврден како резервен пилот на петкратниот шампион кај конструкторите, Мерцедес Бенц.

Дваесет и две-годишниот натпреварувач утре ќе ја извози последна трка како возач на Форс Индија, а од 2019 останува без позиција, бидејќи Ленс Строл – синот на новиот шеф Лоренс Строл – ќе го замени.

Окон е дел од програмата на Мерцедес за млади пилоти и изрази надеж дека следната сезона, во која ќе биде помошник на Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе му помогне да се врати на стартната линија во 2020-та. Постои можност за тоа, бидејќи договорот на Ботас истекува на крајот на следната сезона.

Во претпоследниот старт за 2018 – Гран При на Бразил – Окон се вмеша во проблеми, бидејќи допушти судир со Макс Верстапен, кој беше на чело на колоната и пред освојување на победа. Ова му овозможи на Луис Хамилтон да победи на „Интерлагос“, а подоцна се дојде до физичка конфронтација меѓу лутиот Верстапен и Окон.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2018 14:08