Во последниот натпревар на домашен терен оваа сезона во Лигата на шампионите, ракометарите на Металург загубија од Силкеброг со 33:29 и по девет одиграни натпревари во Ц-групата останаа само на една победа.

Данскиот тим и лидер на табелата во групата, ја оправда фаворитската улога и целиот натпревар ја имаше контролата на резултатот не дозволувајќи им на младите „металурзи“ да ја загрозат победата.

Во средината на второто полувреме Силкеборг имаше највисоки плус седум голови разлика што беше доволна предност за рутински финиш.

Металург настапите во ЛШ ќе ги заврши следната недела на гости против Татран Прешов.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2018 10:39