Натпреварот со Бенфика од Лигата на шампионите во вторник (20:45 часот) ќе биде клучен за иднината на тренерот Нико Ковач на чело на Баерн Минхен.

Претседателот на Баварците, Ули Хенес го заштити страегот по ремито дома со аутсајдерот Фортуна Дизелдорф (3:3) и рече дека деновиве нема да има промена на тренерот.

– Во моментов тренерска промена не е на дневен ред. Во вторник против Бенфика сигурно Ковач ќе биде на клупата, но потоа ќе направиме анализа. Освен тоа самите фудбалери треба да се замислат, зашто не покажаа ништо. Она што се случи е неприфатливо, прокоментира Хенес.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2018 13:30