Македонската православна црква за ТВ24 потврди дека ќе добие станови на атрактивна локација спроти Градски трговски центар, односно хотелот „Холидеј Ин“, во замена за земјиштето што го дале таму на инвеститорот.

Црквата ќе добие станбен и деловен простор во висококатниците кои ќе се градат на локацијата која досега беше паркин простор.

- „На инвеститорот, МПЦ му ја отстапува својата парцела за која треба да добие станбен и деловен простор во објектите што ќе се градат таму“. - велат од МПЦ

Зоран Антиќ со своите две фирми неодамна од државата за 2,9 милиони евра ја купил изминатиот период оваа локација од 9 илјади метри квадратни, или за само 312 евра за квадратен метар.

- „МПЦ не учествува во купување на никакво државно земјиште, туку купувањето го врши фирмата Обновители. Исто така МПЦ нема да учествува во градењето на таа локација“ - велат од МПЦ



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 02:58