„Домашните претпријатија – главни снабдувачи на мултинационалните компании: потенцијали и предизвици“ е темата на панел дебатата што ќе се одржи денеска во организација на Finance Think – Институтот за економски истражувања и политики, во рамки на проектот: Надминување на јазовите меѓу мултинационалните компании и домашните мали и средни претпријатија во земјава, финансиран од ЕУ.
Според Finance Think, на дебатата ќе ќе биде претставена и најновата студија за политики на Finance Think која ги вклучува наодите од истражувањето „Домашните мали и средни претпријатија во синџирот на снабдување на мултинационалните компании во земјава”.
Како говорници се најавени вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушв и Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Скопје.