„Охридска писменост“ е најновата книга на универзитетскиот професор Димитар Пандев. Книгата е објавена со поддршка на општина Охрид, а е во издание на ПНВ Публикации од Скопје.

Книгата претставува научен труд од областа на лингвокултурологијата.

Според издавачот, оваа студија го опфаќа развојот на словенската и македонската писменост во Охрид како средиште на Охридската книжевна школа и како жариште на македонската преродба, т.е. од 9 до 19 век, низ призмата на современите лингвистички теории.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/11/2018 20:33