„Главните градови соочени со проблемите поврзани со животната средина“ е тема на семинарот што денеска ќе се одржи во Скопје.

Семинарот, како што е најавено ќе го отвори министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, а воведни обраќања ќе имаат и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние.

Семинарот е во организација на Францускиот Институт во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 11:20