Ш.Б.(52) од Скопје, вработен во фирма-изведувач, вчера додека работел на објект во изградба, паднал и починал.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила на улицата „Лондонска“ во Скопје, а ја пријавила утрото службата на Итна медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.