Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради закажаниот протест на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје.

– Од 17 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот „ВМРО“, десно по улицата „Даме Груев“, право по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред зградата на Влада, се вели во соопштението.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 14:50