На настанот ќе се одржи презентација за организрањето манифестација во Словенија и ќе биде отворена изложба „Европските денови на културното наследство во Словенија низ плакати“.
Ќе биде одржана и презентација: „Интерпретирање на наследството“ и ќе бидат доделени благодарници на институции и поединци за учеството во манифестацијата.
– Настанот се организира со цел да се прошират сознанијата за различните начини на реализација на овој проект во различни европски земји, но и во знак на благодарност на локалните организатори за учеството во манифестацијата, соопшти Музејот на Македонија.