До 30 ноември годинава сите млади луѓе на возраст од 19 до 29 години што сакаат да почнат сопствен бизнис, можат да аплицираат на повикот што го објави Агенцијата за млади и спорт (АМС). Условот е да достават бизнис план со што стануваат потенцијални добитници на поддршка од 440.000 денари.

По завршување на повикот, како што информира Агенцијата, бизнис плановите ќе ги оценува стручна надворешна комисија. Секој апликант има можност да добие поддршка.

-Ги охрабруваме сите млади луѓе на возраст од 19 до 29 години кои имаат желба да почнат сопствен бизнс да аплицираат со сопствен бизнис план на јавниот повик. Крајниот рок за поднесување апликација и бизнис план, истекува на 30 ноември 2018, соопшти АМС.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 15:16