СВР Скопје поднесе кривични пријави против шеесет и двегодишниот Ж.Ѓ. и неговиот син Г.Ѓ. (27) осомничени за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниви по член 396 и член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што соопшти МВР, на 22 ноември, годинава, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на две локации.

-При првиот претрес во село Кучково во викендица сопственост на Ж.Ѓ. биле пронајдени и одземени ќеса со марихуана, еден пиштол, еден сигнален пиштол, куршуми различен калибар, една рачна бомба и др. При вториот претрес извршен на улица „Милан Зечар“ во Скопје, каде што престојува лицето Г.Ѓ., син на Ж.Ѓ., биле пронајдени и одземени марихуана и 29.000 денари, наведуваат од МВР.

По извршените претреси, двајцата биле лишени од слобода и задржани во полициска станица.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 15:55