Приватниот научен Институт ИЕГЕ објавува повик за учество во професионална европска едукативна програма за „Стратегиски евент менаџмент и одржливи брендови”.
– Единствена од ваков тип, професионалната едукативна програма за ,,Стратегиски евент менаџмент и одржливи брендови” овозможува надоградба на знаењата и професионален развој на маркетинг и евент менаџерите, велат од Институтот.
Посочуваат дека еден од најважните приоритети на програмата е градење на релевантни и висококвалитетни вештини и компетенции на учесниците.
– ИЕГЕ доделува 20 целосни стипендии, за заинтересирани кандидати кои ќе имаат можност да учествуваат во интерактивна настава водена од меѓународни тренери со примена на иновативни практики и современи алатки, истакнуваат од Институтот.
Посочуваат дека програмата е приспособена за кандидати кои веќе имаат искуство во областа на маркетинг и менаџирањето на настани и сакаат да добијат специјализирано и применливо знаење во ова поле.
Програмата ќе ја имплементираат домашни и меѓународни предавачи со долгогодишно професионално искуство од следниве институции: Приватно научен Институт ИЕГЕ од Македонија, Европски центар за студирање и иницијативи CESIE од Италија, Технички Универзитет Кемниц, департман за маркетинг и евент менаџмент од Германија и ICQ Consulting Ltd од Велика Британија.
Програмата ќе се спроведува на англиски јазик, од јануари 2019 до јуни 2019 година.