Во галеријата „Ванѓел Коџоман” во Струга денеска беше отворена историска изложба „Русите во Македонија” со што почна одбележувањето на јубилејот 90 години Музеј „Др. Никола Незлобински”.

Изложбата е посветена на историјата на руската миграција во Македонија, а е преземена од Државниот архив на Република Македонија. На отворањето присуствуваа директорите на Архивот Кирил Петров, на Музејот Дениз Сефиданоски и Михаил Крапива, аташе за култура во Руската амбасада во Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2018 18:40