Организаторите на изборот „Европски автомобил на годината“ ги објавија седумте финалисти кои ќе се борат за наградата.
Седумте најдобри модели за 2019 година се „Алпајн A110“, „Ситроен Ц5 Еркрод“, „Форд Фокус“, „Јагуар Ај-пејс“, „Киа Сид“, „Мерцедес Бенз А-класа“ и „Пежо 508“.
Повеќето од моделите кои дојдоа до завршната фаза на изброт се од европски дизајнери, а интересно е дека само еден од големите автомобилски концерни – „ПСА груп“ има два свои автомобилот во финалниот дел. Сите други модели се од различни производители.
Победникот ќе биде објавен во март 2019 година на Саемот за автомобили во Женева.