Наш Горане,
не можеме да бидеме поглеми од тебе во зборот и затоа ќе те повикаме тебе со твоја реч
„ …Уште си тука
Зад кулиси,
Само излезен на пауза.
Кажи ни
Дека нема смрт!“
IN MEMORIAM Горан Стефановски (27 април 1952, Битола) – драмски автор и педагог Дипломира англистика на Филолошкиот факултет во Скопје (1974). Магистрира на Филозофскиот факултет во Белград (1979). Исклучителен познавач на англиската книжевност, особено на делата на Вилијам Шекспир. Работи во драмската редакција на Македонската телевизија (1974-1978). Асистент е на Филолошкиот факултет (1978-1986) и професор по драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1986-1998); Професор по драматургија на Christ Church College на Универзитетот во Кент. (1999) Последните дваесетина години работеше и живееше во Кантербери, Велика Британија. Драмски текстови: Јане Задрогаз (1974); Диво месо (1979); Лет во место (1981); Хај – фај (1983); Дупло дно (1984); Тетовирани души (1985); Црна дупка (1987); Лонг плеј (1988); Кула вавилонска (1989); Зодијак (рок-балет, 1990); Чернодрински се враќа дома (1991); I Love Chernodrinski (1991); Сараево (1993), Old Man Dragging Stone (кореодрама, 1994); Казабалкан (1998); Еуралиен (1998); На пат за Багдад (1999); Хотел Европа (2000), Евримен (2003); Демонот од Дебар Маало (2006); Одисеј (2012); Огнени јазици (2013); Figurae Veneris Histoirae (2014) и други. Селективна филмографија (сценарија): Клинч (1974); Томе од бензинската пумпа, (1978); Тумба, тумба, дивина, 1980); ТВ серии: Наши години, (1979); Бушава азбука (1985); Хај-фај (1988); До балчак( 2014). Награди: Награда „11 Октомври“ (1980); Стеријина награда за најдобар драмски текст за драмскиот текст „Диво месо“, (1980); Стеријина награда за најдобар драмски текст за драмскиот текст „Црна дупка“ 1988); Награда „Стале Попов“ (1982); Награда за најдобар драмски текст за драмскиот текст „Хај – фај“ на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп (1983); Награда за најдобар драмски текст за драмскиот текст „Дупло дно“, на МТФ„ Војдан Чернодрински“ – Прилеп (1985); Награда за најдобар драмски текст за драмскиот текст „Тетовирани души“, на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп ( 1987); Награда за најдобар драмски текст за драмскиот текст „Кула вавилонска“, на МТФ „Војдан Чернодрински“- Прилеп (1990) и други. Драмски театар – Скопје