Со 50 милиони денари ќе биде поддржано печатењето и дистрибуцијата на печатените медиуми. Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми беше усвоена на вчерашната владина седница, а за неа подетално утре ќе информира министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспаретност Роберт Поповски.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција најави дека Програмата ќе биде објавена на веб страницата на Владата. Додаде дека Програмата е изработена во координација со Асоцијацијата на печатени медиуми и Здружението на новинари на Македонија.

– Сметаме дека печатените медиуми се фундамент на новинарската професија и во голем број земји од Европската унија постои вид на поддршка кон печатените медиуми. Дополнително ова беше и препорака од Прибе, рече Бошњаковски, реферирајќи за одлуките од вчерашната владина седница.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 15:12