Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври се повисоки за 0,1 процент на месечно ниво, а пониски за 1,2 проценти на годишно ниво.
Во октомври во споредба со септември годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите „трајни производи за широка потрошувачка“ за 1,2 процента и „енергија“ за 0,5 проценти.
Во однос на октомври 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите „енергија“ за 7,5 проценти, „капитални производи“ за 1,1 процент и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 0,2 процента.