Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со директорите на Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и на Државниот инспекторат за земјоделство Благој Индов, на покана на претседателот на Регионалната стопанска комора од Кавадарци, Никола Наумов, оддржаа работен состанок со бизнис заедницата од тиквешијата. На состанокот, присуствуваа претставници од винариите, откупните центри и земјоделските стопанства.
Министерот Николовски, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посочил дека лозарството е стратешка гранка, и оваа Влада посветено работи на поттикнување за зголемување на површините.
Николовски, информирал дека се исплатени речиси сите заостанати субвенции од 2013-та до 2016-та како и по програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2017- та. Но, ги известил бизнисмените дека се подготвува и „Нов модел за субвенционирање“, за кои што преку Проект од ЕУ е направена анализа.
Николовски ги информирал бизнисмените дека во наредните денови ќе биде објавен нов повик за ИПАРД 2. Годинава како што истакна ќе бидат обезбедени два и 2,5 пати повеќе средства од Буџетот за кофинансирање на проектите од ИПАРД 2 Програмата.
-Како Влада и ресорно министерство работиме на создавање на поволни бизнис услови за компаниите од агро – секторот. Во тој контекст ве информирам дека во наредниот период ќе биде објавен вториот Повик од ИПАРД 2 програмата Мерка 3 „Инвестиции во преработувачки капацитети“. Со оваа мерка ќе се овозможат нови инвестици во преработувачка индустрија, создавање на производи со додадена вредност што пак ќе влијае и врз пласманот на земјоделските производи. Паралелно, посветено работиме на реализација на капитални инвестиции во водостопанството за што во новиот буџет на МЗШВ, се издвоени околу 428 милиони денари или 290 милиони денари од годинава. Во насока на создавање на поволна бизниск клима, работиме на измена на неколку закони како Закон за земјоделско земјиште, Закон за советодавни услуги, нови огласи доделување под концесија за нератрактивно земјиште и за инвеститори, рекол министерот Николовски.
На состанокот биле презентирани мерките и политиките кои ги презема МЗШВ, во делот на овоштарството, лозарството и другите култури. Бизнисмените се интересираа за ИПАРД Ипард програмата, за дел од постоечките мерки од Програмата за дирекни плаќања и за Новиот модел на субвенционирање.