Семејството на починатиот македонски писател и драматург, Горан Стефановски, објави дека неговото тело ќе биде кремирано на 5 декември во Катербури во Велика Британија, во 9.20 часот.

По желба на Горан Стефановски, во посебна пригода пепелта ќе биде расфрлена во водите на Охридското Езеро.

Горан Стефановски почина синоќа по кратко и тешко боледување во близина на Лондон, каде што живееше подолго време.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 19:57