Автомобилски инженери направија тест возење при екстремни зимски услови на новиот теренец „Хјундаи Палисејд“, кој ќе биде официјално претставен на Автосаемот во Лос Анџелес.

Прототип возилото се спушташе и искачуваше по шумски патишта, па по замрзнато езеро и сето тоа недалеку од шведскиот град Аржеплог, кој се наоѓа близу Арктичкиот Круг.

Целта на испитувањата беше да се провери функционирањето на системот за движење на сите тркала во зимски услови.

Засега не се откриваат повеќе детали, но гласините говорат дека под хаубата ќе има бензинска „шестка” што работи со помош на осумдијапазонска автоматска брзинска кутија



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 23:38