Сензорната технологија ЛиДАР (LiDAR) за автономни возила ќе биде промовирана од Волво и стартапот Луминар на автомобилскиот саем „Аутомобилити ЛА 2018“ во Лос Анџелес. ЛиДАР користи импулсни ласерски сигнали за откривање на објекти и е клучен елемент во создавање безбедни автономни возила.

Иновацијата овозможува на автономните автомобили да се управуваат безбедно во натоварен сообраќај и да прифаќа сигнали на долги растојанија и при повисоки брзини. Технологии како ЛиДАР можат да помогнат на Волво да ја претвори во реалност визијата за автономно патување, претставенa со концептот „360ц“ претходно оваа година.

Новите можности за перцепција на сигнали развиен заеднички од Луминар и Волво, овозможуваат на системот во автомобилот да препознава различни позиции на човечкото тело во детали, вклучувајќи да ги разграничува нозете од рацете – нешто што досега не беше можно со таков тип сензори. Технологијата ќе може да детектира објекти на оддалеченост до 250 метри – опсег, многу поголем од секоја друга сегашна ЛиДАР технологија.

Претходно оваа година, Волво склучи договор со Луминар преку инвестицискиот фонд на компанијата – „Волво Карс Тек Фанд“, кој финансираше технолошки стартапи со голем потенцијал. Партнерството на двете компании е фокусирано на развивање и тестирање на сензорни технологии, кои ќе најдат примена во автомобилите на Волво.

Во септември, Волво го претстави концептот „360ц“ – сеопфатна визија за иднината, каде што патувањето е автономно, електрично, поврзано и безбедно. Визијата претставува четири можности за користење на автономните возила – место за спиење, мобилна канцеларија, дневна соба и место за забава.

Сите овие можности целосно го менуваат начинот на кој луѓето патуваат. „360ц“, исто така, дава предлог за воведување на глобален стандард за безбедна комуникација помеѓу автономните возила и другите учесници во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2018 23:46