Ново прекопување на улица во Скопје е со тенденција да биде најдолгоправената градежна операција во градов. Се работи за крстосницата меѓу улиците „Водњанска“ и „Железничка“.

Сообраќаен метеж, колони возила, нервозни возачи, загубено време, оштетени коли, кубици издувни гасови…. сето ова е секојдневица за многумина скопјани заради тоа што со недели и недели не се завршува најобичен градежан зафат.

Изместувањето на топловодниот вод кај крстосницата се претвори во сообраќајно измачување како на возачите, така и на пешаците кои во голем број поминуваат по овие сообраќајници на патот кон Клиничкиот центар.

Утринските и попладневните сообраќајни шпицеви се периоди кога се создаваат најголеми гужви и проблеми се заради фактот дека градежните работи траат неоправдано долго. Па така, на крстосницата и натаму стојат огради со кои патот е стеснет на половина од неговата широчина и кои треба да сигнализираат дека се вршат градежни работи.

А во реалноста таму ретко кога да има работници кои забрзано работат за да во што покусо време се заврши реконструцијата и улицата врати во нормална состојба. Ако некогаш и има работници тие се малкумина и во недоволен број да направат поголем градежан зафат.

Зошто е тоа така треба да одговорат надлежните кои дозволиле вакои градежен зафат на едно од најпрометните крстосници во градот да се одвива со така бавно темпо.

Насекаде во светот, кога се прават вакви работи кои го попречуваат сообраќајот, се практикува интензивно работење и преку ноќ и во деновите на викендите, со анагажирање на поголем број на работници. Па така, и цели аеродромски писти се обновуваат за само ден, а во Скопје излегува дека за зафат во должина од десетина метри се потребни недели и недели во текот на кои скопјаните ќе си ги губат нервите, ќе ги кршат колите и дополнитeлно ќе го загадуваат воздухот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2018 01:58