– Мерната станица на оваа локација изминатиов период покажува висока концентрација на ПМ10 честички, а со зазеленување на овој простор ќе се влијае на намалување на загадувањето. Дополнително, со садењето дрва на оваа локација конечно ќе ги ослободиме тротоарите од возила. Приоритет оваа есен е обновување на сите постојни дрвореди во центарот на градот и подигување нови. Во Скопје по должината на градските сообраќајници и во средишните жардиниери на булеварите има речиси 500 пенушки [to ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници, изјави портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Најави дека есенва ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во скопските општини.

Минатата недела, според Салиху, е реконструиран дрворедот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов", односно заменети се 40 исечени и паднати дрвја со нови садници од истиот вид, а следната недела ќе се реконструира дрворедот на улицата „Франклин Рузвелт". Во следниот период ќе се подигне нов дрворед и во Ѓорче Петров.

Акцијата ја реализира Град Скопје во соработка со скопските општини.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2018 14:16