Од денеска до 9 декември, Република Македонија ќе биде претставена како земја во фокусот на 24. издание на Меѓународниот саем на книгата во хрватскиот град Пула, соопшти Министерството за култура.

Ова е трето претставување на авторите од Република Македонија и нивното творештво на големите регионални и светски саемски манифестации, по тоа на саемите во Франкфурт и Тирана.

Во рамките на програмата која е насловена како „Македонија чита“, пред хрватската јавност и посетителите од регионот, со финансиска поддршка на Министерството за култура, ќе бидат реализирани повеќе панели, работилници, дебати на кои ќе земат учество неколку автори како Никола Маџиров, Лидија Димковска, Елизабета Шелева, Артан Садику, Љуљзим Хазири…, а посебно внимание ќе му биде посветено на творештвото на големиот Горан Стефановски, информираат од Министерството за култура.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2018 16:57