Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта денеска ќе извршат увид во реконструкција на регионалниот пат Драчево-Јурумлери во должина од четири километри.

Тој пат е меѓу 12-те најоштетени делници на кои се врши реконструкција по мерењето на состојбата на патиштата во соработка со Светска банка од каде и се обебзедени 14 милиони евра за таа намена.

Реконструкцијата на Драчево-Јурумлари е опфатена со втората фаза за работа на таквите проекти заедно со патиштата Драчево-Орешани во дожина од шест километри и Битола-Демир Хисар во должина од 10 километри.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 09:55