Претставници на микро, мали и средни претпријатија денеска во Скопје ќе ги дадат своите предлози и сугестии за измените на новиот Закон за инспекциски надзор.

Инфо сесијата посветена на овој закон ја организира Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, а целта е да се вклучат овие претпријатија во креирањето на новиот Закон за инспекциски надзор.

Од Сојузот на стопански комори на Македонија најавуваат дека на настанот ќе присуствува министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претседателката на Комората Данела Арсовска.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 09:59