Македонскиот документарен филм „Honeyland“ („Медена земја“) влезе во официјалната конкуренција на долгометражни документарни филмови на еден од неколкуте најпрестижни филмски фестивали во светот – „Санденс“ („Sundance“), што на крајот на јануари ќе се одржи во американската сојузна држава Јута, соопшти Агенцијата за филм на Република Македонија.

Филмот е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, продуцент на филмот е Атанас Георгиев, а негова е и монтажата.

„Sundance“ е еден од најпрестижните филмски фестивали во светот и е на ниво на фестивалите во Берлин, Кан, Бафта, Глобус и Венеција.

Филмот обработува тема за животот не една жена која живее сама со мајка и во централна Македонија, во сосема примитивни услови и произведува мед од диви пчели…Таа е последната жена одгледувач на диви пчели во Европа, која сака да ги спаси пчелите и природниот баланс на планетава…Филмот има колоритен јазик, обработува ретка приказна, камерата е совршена и уште посовршени се карактерите…



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 10:46