Ансамблот на Народниот театар Битола гостува во Суботица на Desire Central Station festival.
Фестивалот е востановен во 2009 година како меѓународен регионален фестивал на современиот театар.
-На фестивалот во Суботица, синоќа ја одигравме претставата „Но(е)ва Македонија“ чиј режисер е Кокан Младеновиќ, а вечер во два термини ќе биде изведена претставата „Доктор Фауст“ од Кристофер Марлоу и авторски текстови на режисерот, драматургот и актерската екипа, во режија на Андраш Урбан, информираат од секторот за односи со јавност на НУ Народен театар-Битола.