Женската ракометна репрезентација на Македонија ја очекуваат три натпревари во претстојните квалификации (прва фаза) за обезбедување бараж натпревар за Мундијалот 2019.

Прв ривал на „црвено-жолтите“ ќе биде Азербејџан вечер во 18 часот.

Избраничките на селекторот Симе Симовски во истиот термин утре се среќаваат со Исланд, додека в недела од 20 часот Македонија игра против Турција.

Сите натпревари ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Влезот е слободен.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 12:57