Ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински“ синоќа на Фестивалот на актерот во Никшиќ ја изведе претставата „Љубовни пози на историјата“ (Figurae , veneris, historiae) од Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска.

Претставата беше изведена во чест на еден од најпознатите македонски драмски автори Горан Стефановски, кој почина пред неколку дена. Публиката и актерите му оддадоа почит со громогласен аплауз на големиот македонски драматург.

Стефановски, кој е добитник на шест награди на фестивалот „Војдан Чернодрински“ и две Стериини награди, е автор на над 30 драми, меѓу кои „Јане Задрогаз„, „Диво месо“, „Лет во место“ , „Тетовирани души“, „Кула Вавилонска“ „Баханалии“ и други, на либреата, на култната серија „Бушавата азбука“…

На сцената на Прилепскиот театар освен „Љубовни пози на историјата“ од Стефановски се поставени текстовите „Хај фај“, „Диво месо“, „Јане Задрогаз“.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2018 17:29