Возрасната група на драмското студио ,„Дон Кихот“ од Гевгелија денеска и утре учествува на меѓународниот фестивал „Утринска ѕвезда“ кој се одржува во познатиот зимски центар Банско во Бугарија.
Гевгеличани на фестивалот ќе настапат со претставата „На здравје“ работена од режисерките Даниела Џишева и Катица Џишева-Дупарова според сценарио од истоименото дело на авторите Шарл Пол Кантино и Шерил Барет.
Во претставата „На здравје“ младите гевгелиски актери на мошне сугестивен начин ја претставуваат современата реалност карикирајќи ги карактерите на поединците кои ги допираат меѓучовечките односи во општеството.
Претставата претходно ја воодушеви публиката со изведбите во Гевгелија,Струмица и Богданци што е причина повеќе да се очекуваат добри резултати и од фестивалот во Банско.