Со максимални три победи на квалификацискиот турнир игран во Скопје, женската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман во баражот за Светското првенство 2019.

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ избраничките на селекторот Симе Симовски ја победија Турција со 30:23.

Претходните два дена Македонките беа поуспешни од репрезентативките на Азербејџан и на Исланд.

Жрепката за баражот ќе биде извршена за време на Европското првенство кое деновиве се игра во Франција.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 00:26