По иницијатива на културните и хуманитарните друштва на кичевчани кои живееат и работат во Италија, Франција, Германија, Швајцарија и Австрија градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари викендов во Виена се сретна со успешни бизнисмени со потекло од Кичево кои работат во тие земји.

Целта на оваа средба, како што информираат од Општина Кичево, е Дехари да им даде дополнителни информации на кичевските бизнисмени за условите што треба да се исполнат за да се инвестира во родниот крај.

Тој истакнал дека целата општинска администрација е подготвена да се стави во услуга на секој еден што ќе има намера да инвестира во една од двете економски зони со кој располага Кичево.

– Секој бизнисмен секогаш кога размислува за нова инвестиција бара сигурност особено во балканските земји, посочил Дехари, додавајќи дека силен аргумент за тоа е дека Македонија со новата Влада е на добар пат да ги надмине сите препреки и тешкотии и многу наскоро ќе стане членка на НАТО алијансата, потоа ќе следуваат и преговорите со ЕУ, што според него ќе биде аргумент плус при носењето на одлуките за инвестирање.

На средбата присуствуваа и студенти што учат на европски универзитетит кои Дехари ги повика по завршување на студиите да размислуваат да се вратат во родниот крај.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 12:31