Романот „Бусола“ од францускиот писател Матијас Енар, што ја доби наградата „Гонкур“ во 2015 година, излезе од печат деновиве во издание на „Антолог“ од Скопје. Преводот на македонски е на Владо Ефтимов.

За книгата се наведува дека е возбудлива и убедлива ерудиција, со зачудувачки референции на композитори од 19. век и езотерични ориенталисти. – Извонреден, моќен, музички роман, полн со горчливо-сладок хумор. Потрага по другоста, мостот помеѓу Истокот и Западот, вчера и утре, се посочува за делото.

Матијас Енар (1972) е француски автор. Главно пишува романи со арапска тематика. Студирал арапски и персиски јазик. Долго време живеел на Блискиот Исток и го истражувал. На почетокот на новиот милениум се преселил во Барселона, каде што ги пишува сите дела. Добитник е на многу книжевни награди, а неговиот роман „Бусола“ е распродаден во повеќе од 300 000 примероци.

Книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 16:39