Охридска банка Сосиете женерал го организираше првиот хакатон под мотото „Креирај ја мобилната банка од иднината“ на кој го избра победничкиот тим „MY bank, my friend“.
Избраната апликација за мобилно банкарство вклучува лесна најава, можност за уредување на функционалностите според сопствените потреби, можност за паметно штедење и многу други карактеристики.
Победничката идеја доби награден фонд од 1.500 евра од Охридска банка Сосиете Женерал. Тимот „My bank, my friend“ е составен од Дарко Георгиевски, Христијан Бабука, Борко Наумовски и Стефан Деспотовски.
На хакатонот беа пријавени 46 учесници поделени во девет тимови. Настанот траеше 54 часа почнувајќи на 30 ноември и со финале на 2 декември 2018 година.