Жители од Кисела Вода денеска се собраа на протест барајќи дислоцирање на Центарот за зависници стравувајќи за нивната безбедност и безбедноста на нивните деца бидејќи во дворот на Центарот за зависници постојано наоѓаат медицински отпад.

Тие посочуваат и дека зависниците кои го посетуваат Центарот крадат автомобили.

Градоначалникот на општината Филип Темелковски посочи дека се во интензивна комуникација со Министерството за здравство и оти оттаму доставиле предлог за решавање на проблемот.

– Во текот на оваа и наредната недела да се зголеми капацитетот на вработените во болницата со тоа што да се наложи да не се дава терапиите да се примаат надвор од болницата. За три месеци да се почне со намалување на бројот на корисници, а за шест месеци да се заврши со целосната процедура, рече Темелковски, образложувајќи го предлогот од ресорното Министерство.

Граѓаните најавија дека секој ден ќе протестираат до петок.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2018 19:32