И доцна синојќа Битола и Скопје беа најзагадени градови, покажуваат мерните станици, оние кои работат. Веќе неколку дена по ред воздухот во Скопје е екстремно загаден.

Штетните PM10 честички во Битола достигнаа ниво од 390 микрограми на кубен метар, што е околу 5 пати над дозволеното.

Во Скопје најзагаден воздух дишеа жителите во населбата 11 Октомври, Миладиновци, Аеродром, иако сигурно на списокот ќе беа и други населени места доколку сите мерни станици беа во функција. Надлежните упорно не превземаат ништо за ако ништо друго барем граѓаните да знаат колку изнесува нивото на загадување во воздухот.

Кај Ректоратот загаденоста со ПМ10 честички е 354 микрограми на кубен метар.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 01:07