Вака си работеа багерите на Водно вчера, некои нови, пишуваат од граѓанскта иницијатива „Го сакам Водно“ на нивната Фејсбук страница.

-Како беше онаа мантрата на ВМРО кога ќе ги повикаа, “сè е согласно законот”? Бар да беше согласно законот, ама не е ни тоа. Не смеат да работат тука, немаат одобрение за овој дел, ама одат на принцип, ние ќе си пробиеме на диво и ќе завршиме работа. Зошто држава немаме, во тоа се уверивме. Ја имаме само да дава изјави дека сè е согласно законот и прописите. Како продажбата на 9,000 м2 државно земјиште во строг Центар по цена од 312 евра/квадрат, за дооформување на парцела на фирмите на кумановецот Зоран Антиќ, „М.Г Фешн“, со жена му Тања и „Обновители“ со МПЦ. Рапид Билд (Тони Каранфиловски и фам.) кој го гради гасоводов се од Куманово исто. Со Зоран Антиќ си имаат фирма, „Волис Проперти“, што пред две години кога градеа деловен објект спроти зградата на МНР им се поплави градилиштето и се претвори во езеро од фекалии и отвори опасност од свлечиште на земјиштето кое можеше да ги загрози и соседните згради. Во фирмата секој има по 25%, а 50% е сопственост на „Билдинг Капитал“, во сопственост на фирма од Прага, Чешка. Звучи познато, прашката конекција? Е па, драги наши истите луѓе и тогаш и сега си продолжуваат “согласно законот” и надвор од него. Ништо не е поинаку. Ништо. - велат од иницијативата „Го сакам Водно“



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 01:12