„Хуавеи“ ја претстави апликација „СториСајн“ (StorySign) за Андроид, со која на глувите деца им се помага да научат да читаат.

Со насочување на телефонот кон одредена детска книга, апликацијата почнува да преведува одделни зборови на знаковен јазик, користејќи вештачка интелигенција (ВИ), која движи анимиран аватар, кој пак ги покажува вистинските гестови. Така, апликацијата не само што им помага на децата да учат да читаат, туку и ги учат и го подобруваат знаењето на родителите на знаковниот јазик.

Апликацијата е целосно бесплатна за преземање од „ГуглПлеј“ и „Хуавеи ЕпГалери“, па дури и не бара брендиран паметен телефон за работа. Во моментов има 10 јазици на знаковен јазик (вклучувајќи ги и повеќето европски јазици).

Изборот е ограничен, дури и во однос на книгите, па засега на секој јазик има само една поддржана детска книга.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 23:38