Во Македонската филхармонија денеска Факултетот за музичка уметност одбележува 52 години од основањето со целовечерен концерт на својот најголем ансамбл, Симфонискиот оркестар сочинет од студентите на додипломски и последипломски студии.
За овој период на ФМУ дипломирале, магистрирале и докторирале над 3.000 студенти, меѓу кои видни композитори, научници, интерпретатори, педагози, новинари и балетски уметници кои работат во државава и надвор од неа, постигнувајќи забележителни успеси во своите области.