Конференција за СПА туризам и Третата туристичка берза 2018 ќе се одржат денеска и утре во Скопје, во организација на Министерството за економија и Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија.

Како што соопшти Министерството за економија, конференцијата под мотото „Сите сме дел од истата туристичка приказна“, ќе ја отворат државниот секретар во Министерството за економија Зоран Павловски и претседателот на Управниот одбор на Асоцијација за дојдовен туризам на Македонија Влатко Суљев.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2018 10:25