Тројцата македонски карикатуристи Јордан Поп Илиев, Блаже Докулевски и Златко Крстевски се добитници на специјални награди на меѓународната изложба на светската карикатура „SICACO“ во Сеул, Јужна Кореја. Делата на македонските карикатуристи се публикувани во албумот „ SICACO-Best cartoons in the world“.
Инаку, Крстевски во меѓувреме е учесник и на 17 светска изложба на современата графика во Софија – „17-Lesedra“ каде своите дела ги изложуваат 272 уметници од 40 земји. Графиката е публикувана во антологијата „LESSEDRA WORLD ART PRINT“.
Карикатуристот и уметник Златко Крстески неодамна донираше и две свои слики за изложбата во Пуерто Рико на аукција.