Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека Владата работи на изнаоѓање на решение за ситуацијата со намалените државни резерви на нафтени деривати и оти нема да дозволи ситуацијата да стане алармантна.

– Нема да дозволиме состојбата да ексалира. Ја имаме информацијата и го бараме решението. Во фаза сме на подготовка на измена на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати којшто ќе треба да се усогласи со новиот текст на Законот за енергетика. Со овие измени ќе се реши проблемот, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со информацијата дека Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати располага со 65 проценти од резервите.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2018 15:25