Според последниот извештај за продажба на смартфоните на „Гартнер“, продажбата во третиот квартал забележа скромно зголемување од 1,4 отсто и достигна 389 милиони единици.
Интересното во овој случај е дека без кинеските компании, вкупниот пазар би се намалил за 5,2 отсто во споредба со истиот период минатата година. Ова, пак, значи сериозно зајакнување на позицијата на големите кинески компании, кои заземаат се поголеми делови во светот.
Самунг продолжува да биде лидер со учество од 18,9 отсто и продадени 73,36 милиони паметни телефони. Корејската компанија, сепак, продаде 85,6 милиони телефони пред една година и имаше удел од 22,3 отсто. Ова е најголемиот пад во Самсунг, откако „Гартнер“ го следи пазарот. Хуавеи е втор со 13,4 отсто и 52,21 милиони продажби. Компанијата пред 12 месеци имаше удел од 9,5 отсто и 35,5 милиони продажби. Трета е Епл, која го задржа својот удел од 11,8 отсто. Компанијата од Купертино практично го продаде истото количество смартфони за трите месеци на двете години – 45,42 милиони во 2017 и 45.75 милиони во 2018.
Топ 5 е надополнет со Ксиаоми и Опо, кои имаат удел од 8.5 и 7.9 отсто. Двете компании пораснаа во текот на минатата година, при што продажбата на Ксиаоми достигна 1,5 отсто, додека растот на Опо изнесуваше само 0,2 отсто. „Гартнер“ не очекува големи промени во 2019 година и покрај „5Г“ и паметните телефони со дисплеи на преклопување. Според аналитичарите, следната година поскоро ќе биде доминирана од тестирање на почвата, а вистинското масовно навлегување на иновациите ќе се случи дури во 2020-та.